Најголемата грчка опозициска партија, Нова Демократија, го зголемува водството во анкетите пред актуелната владејачка партија СИРИЗА. Проценката на јавното мислење е спроведена во периодот меѓу 16 и 18 декември, а на прашањето која партија би ја поддржале кога во моментот би се одржувале парламентарни избори, 33,5 проценти од анкетираните својата поддршка ја дале за опозициската Нова Демократија, наспроти 23 отсто кои би гласале за владејачката СИРИЗА.
Централно левичарското движење за промени и крајно десничарската Златна зора имаат поддршка од по 7 проценти, а Комунистичката партија 6. Следуваат партиите Потами и Независни грци, кои доживуваат пад и неизвесно е дали ќе успеат да обезбедат 3 проценти од гласовите за да влезат во Парламентот.
Според ваквиот тренд на анкетите, грчките агенции предвидуваат дека на изборите во Грција, кои би требало да се одржат во мај 2019 година, Нова Демократија на Кирјакос Мицотакис би освоила 57 отсто од гласовите на електоратот додека СИРИЗА на актуелниот премиер Ципрас, околу 25.
Истовремено, лидерот на Нова Демократија има и индивидуално поголема поддршка во споредба со Ципрас – 36 наспроти 25 проценти.
Comments are closed for this post.