Докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува лидерот на СИРИЗА и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на неговиот официјален „Фејсбук“ профил по повод две годишнината од Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
-Пред две години се сретнавме во Преспа, онаму каде што низ историјата поминаа победници и поразени, триумфатори и трагични херои. Им се обративме на нашите народи, на народите од Балканот кои се бореа за слобода, но беа измачувани и се измачуваат од отровот на националистичката омраза, на меѓународните конфликти и братоубиствените војни. И докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува Ципрас.
Во неговата објава, Ципрас ја коментира и позицијата на актуелната грчка Влада, која како опозиција беше против Договорот од Преспа, истакнувајќи дека „историјата им оддава чест на оние кои што ја пишуваат, а не на оние кои се влечат зад неа“.
-Грција се најде на правилната страна на историјата. Тоа го покажуваат во пракса дури и оние кои се бореа против договорот. Оние кои говореа за „предавства“ и „национални отстапки“. Оние кои чекореа заедно со националистите и златнозорците. Истите оние кои денес говорат со најдобри зборови за односите на земјата со Северна Македонија и улогата на земјата во заживувањето на европската перспектив на Западен Балкан, во најтешкиот момент. Историјата им оддава чест на оние кои што ја пишуваат, а не на оние кои се влечат зад неа, напиша Ципрас на „Фејсбук“.
Comments are closed for this post.