Поплавени и затворени улици, потонати чамци и материјална штета остави зад себе циклонот „Зорбас“ во делови од полуостровот Пелопонез и во поширокиот регион на Атина, во текот на вчерашниот ден.
Медитеранскиот циклон денеска се движи кон источна и северна Грција.
Обилниот дожд и силниот ветер, создадоа проблеми во повеќе општини на Пелопонез. Голем број улици се претворија во реки, а циклонот предизвика големи бранови и проблеми во приморските градови.
Во текот на вчерашниот ден, во градот Каламата на Пелопонез, 14 чамци и бродови од различен вид и големина, потонаа и претрпеа материјална штета додека беа закотвени, без притоа да има повредени лица.
Доцна синоќа, грчката полиција затвори неколку булевари за сообраќај во Атина, а денеска е забрането движењето на возила на повеќе локални патишта на Пелопонез.
#medicane #Zorbas , SEVERE FLASH FLOOD IN KIATO, #Greece | #Sept. 29, 2018 pic.twitter.com/EViPdkM39J
— pekiyi (@iyilerx) September 29, 2018
LIVE from Greece – #medicane making landfall in Kalamata, Peloponnese! Report: Acris Callas via partners @cycloneorhodes #Zorbas pic.twitter.com/lfvoPj6Rws
— severe-weather.EU (@severeweatherEU) September 29, 2018
Comments are closed for this post.