Маж на возраст од 38 години е убиен од со огнено оружје во белградската населба Баново брдо. Како што јавија белградските медиуми, во жртвата со иницијали Н.М. биле испукани повеќе куршуми што завршиле во неговите гради и глава.

Според неофицијални информации, нападот се случил кога Н.М. излегол до автомобилот за да земе бебешка количка.

Брзо по пукањето, полицијата го блокирала тој дел од градот, а има поставено и полициски пунктови на сите излези од Белград.

Првично нема информации за можниот мотив за убиството, но неофицијално, полицијата испитува дали станува збор за убиство по грешка или дали убиството има мафијашка позадина. Како што неофицијално пишува „курир.рс“, убиениот бил зет на Александар Шарац, член на познатата криминална група Пинк Пантер, која извршуваше спектакуларни грабежи ширум Европа.

Шарац, кој е брат на сопругата на убиениот Н.М., во 2017 година беше уапсен поради грабеж на луксузна златарница во Милано извршена година претходно, кога украдоа накит во вредност од неколку стотини илјади евра.

Како што пишува „курир“, Шарац неодамна излегол од затвор.