Грчката полиција уапсила четири лица, две во Кожани и две во Гревена, поради лепење плакати со фотографии на пратениците кои го поддржуваат и ќе гласаат за ратификација на Договорот од Преспа на кои овие пратеници се прогласени за предавници.
Двајца биле пуштени на слобода, а другите двајца ќе бидат изведени пред јавен обвинител.
Од владејачката СИРИЗА велат дека овие плакати се фашистички практики и се дел од организирана кампања за заплашување на пратениците.
Господинот Мицотакис, дури и во последен момент, треба да ја сфати неговата огромна одговорност. Ако, дури и сега, не се дистанцира од овие недемократски практики, не остава никаков сомнеж дека тој стои зад нив – соопштуваат од СИРИЗА.
Најголем дел од плакатите во текот на вчерашниот ден биле закачени во различни делови на Солун, а според медиумите, од рано утрово служби од општината тргнале дел од нив.
Плакати со фотографии на пратениците кои го поддржуваат и ќе гласаат за ратификација на Договорот од Преспа беа залепени во Солун и низ други градови во Северна Грција.
На плакатите со фотографијата и името на пратеникот стои и пораката: „…ти ќе ја предадеш нашата Македонија?“, јави дописничката на МИА од Атина.
Comments are closed for this post.