Високиот суд во Лондон ја одложил до 15 октомври одлуката за жалбеното барање на основачот на Агрокор, Ивица Тодориќ за испорачување на Хрватска. Ова е барање на неговиот адвокат Џејмс Хинес, кој во судницата дојде заедно со Чери Блер, сопруга на поранешниот британски премиер Тони Блер.

Адвокатот на Тодориќ побарал дополнителни 28 дена за поднесување барање на правото на жалба, откако претходно Лондонскиот суд се произнесе основачот на Агрокор да и биде испорачан на Хравтска каде треба да му се суди за финансиски малверзации. Неговиот тим, пак, денес излегол со тврдење дека има нови докази.

На 15 октомври одбраната ќе има можност во еден час да ги образложи новите докази, а како што нагласи судијата, „тоа мора да бидат нови докази“.

Тодориќ, како што објави денес „Јутарњи“, се појавил во друштво на неговите адвокати Чери Блер и Хинес адвокат спеицијализиран за стопански криминал, додека Чери е позната по случаи поврзани со човекови права.

Во судницата зборувал само Хинес кој според протечени информации во јавноста од агенцијата за финансиски криминал тој се надева оти ќе може да докаже влијание на политичарите на истрагата.

„Верувам дека денеска сме во подобра позиција“, рече адвокатот Хинес.

Неговиот главен аргумент е дека Тодориќ не се гони за стопански криминал, туку е жртва на политички прогон.