Бугарските медиуми посветуваат големо внимание на денешниот дипломатски успех на Македонија во Европскиот парламент и усвојувањето на резолуцијата во комитетот за надворешни работи.

Медиумите ги напаѓаат нивните власти што резолуцијата во првата фаза помина со чиста формулација за македонскиот јазик и идентитет. Значи пред формулацијата нема ниту сегашен ниту модерен идентитет.

Aгенцијата „БГНЕС“ за кого Заев го даде она славно интервју и која е позната по своите антимакедонски ставови директно го праша известувачот Вајц дали е пријател на Бугарија или на Македонија? Исто така го прашаа дали премиерот Мицкоски влијател на европратениците во Брисел.

Ја работам својата работа врз основа на факти, што е можно пообјективно. Мојата единствена задача е да анализирам каде се наоѓа земјата во однос на европското право, владеењето на правото, независноста на судството, медиумите… И токму тоа го направив во овој извештај, одговори Вајц.

Бугарскиот весник „Стандард пак пишува дека нивното Министерство реагирало многу студено на термиите „македонски јазик и идентиет.

Министерството за надворешни работи издаде студено соопштение во врска со извештајот за Република Македонија, усвоен денес од Европскиот парламент. Бугарското инсистирање таканаречениот „македонски јазик“ и „македонскиот идентитет“ да бидат дефинирани како современи не беше прифатено, што предизвика лавина од гнев кај Бугарите, пишува „Стандард“