Руската амбасада во Софија на својата официјална фејсбук страница објави коментар од сајтот „Класа.бг“ во кој Бугарите се наречени „олигофрени“ и „малоумници“, пишува „Медиапул.бг“. Коментарот е посветен на протестот против украсената со црвени петокраки божикна елка во центарот на Софија, која е подарок од Москва.
Под елката има голема табла со напис на руски јазик „Москва ја поздравува Софија во новата 2019 година“. Истата порака ја има и на бугарски јазик.
Еве ја реакцијата во која се цитира коментарот на бугарскиот сајт:
„Минатата недела Москва и подари елка на Софија по повод Божик и таа беше поставена во центарот на нашата престолнина. Речиси никој во Бугарија немаше да разбере за тоа заради бруталната американска цензура врз божем „бугарските“ медиуми, кои дозволуваат за Русија да се говори лошо и ништо друго освен лошо. Меѓутоа, благодарение на беспримерниот идиотизам на мала група софиски повеќенаменски протестанти, цела Бугарија разбра за елката.
Тие се собраа да протестираат против неа, зашто била дел од „хибридната војна“ на Русија против нашата држава. Кога полицајци, кои минуваат во близина, ќе им побараат документи за идентификација, малоумната групичка се разбегува врискајќи против таа невидена репресија, што потоа илјадакратно се зголемува на фејсбук.
Така, ние Бугарите сфативме три работи:
1.Москва и подари елка на Софија
2.За прв пат во историјата на светот имаше протест против елка
3.Поголеми олигофрени и малоумници од платените жолтоноги русофоби нема“.
Comments are closed for this post.