Бугарски државјанин е осуден на седум години затвор во Австрија, откако кај него биле откриени планови за изведување терористички напад.
Според Обвинителството, 24-годишниот Бугарин во 2015 година дошол од Сирија во Австрија.
Во истиот судски процес, казна затвор од осум години му е изречена и на 38-годишен Австриец, кој е обвинет дека имал „централна идеолошка улога“ во една исламска верска група и убедувал свои приврзаници да заминат за Сирија и да и се придружат на џихадистичката организација Исламска држава (ИД).
Од 2011 година во Сирија и Ирак заминале околу 300 австриски жители, од кои 50-тина загинале во судирите како борци на ИД, а околу сто се вратиле во Австрија.
Comments are closed for this post.