Бугарското Народно собрание денеска ќе ја разгледува Предлог-одлуката за водење преговори со САД за набавка на нов тип воен авион.
Со одлуката се предвидува Парламентот да и даде овластување на бугарската Влада за набавка на авион-ловец од типот Ф-16, за што е предвидена финансиска рамка од 1,8 милијарди лева (900 милиони евра).
Претседателот на Прaтеничката група на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Цветин Цветанов изјави дека со усвојувањето на ваквата одлука започнува реашвањето на еден важен проблем што стои пред Софија како членка на НАТО.
Тој нагласи дека сумата од 1,8 милиради лева е „само хипотетичка”, додавајќи дека со отпочнувањето на преговорите ќе се разјаснат сите детали и цената на набавката може да биде и пониска.
Опозициската Бугарска сосцијалистiчка партија (БСП), од своја страна, најави дека ќе гласа против одлуката, оценувајќи дека реалната сума на набавката на новиот тип воен авион би можела да достигне и до 2,5 милијарди лева (1,25 милиони евра)
Comments are closed for this post.