Парламентот на Бугарија го одобри планот да започне преговори за договор со САД за купување осум нови борбени авиони Ф-16, со што би се замениле руските Миг-29 и со тоа воздушните сили би се прилагодиле на НАТО стандардите.
Планот на бугарската влада е одобрен со 130 гласови „за“ и 84 гласови „против“ по долга и жолчна расправа.
Како што се наведува, поддржувачите на планот го нарекоа стратешки избор, додека противниците изразија загриженост дека авионите биле премногу скапи.
Со усвојување на планот, предност е дадена на американските авиони, пред шведските „грипенс“ и италијанските половни „еурофајтерс“ авиони.
Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов на парламентарците им рече дека за разликата од шведските и италијанските авиони, за американските не се потребни дополнителни договори за опремата на авионите.
Comments are closed for this post.