Американското издание „Бизнис инсајдер“ објави анализа за десет држави со сериозни демографски проблеми, пишува софиски „24 часа“.
Посебно место во анализата зазема Бугарија, која, според списанието, е најсиромашната земја во ЕУ и држава, чие население најбрзо „се топи“ и многу бргу Бугарите ќе бидат колку што биле по завршувањето на опустошувачката Втора светска војна.
Се очекува во 2050 година, Бугарите да се едвај 5,4 милиони и за тоа нема да биде виновен само нискиот коефициент на плодност од 1,46 деца по жена, туку и високата емиграција.
Особено интересно е што десетте држави во светот, чие население најбргу „се топи“, се наоѓаат во Европа, а дел од нив се и земји-членки на ЕУ. Во оваа негативна низа, по Бугарија, следуваат Латвија, Украина, Хрватска, Романија, Молдавија, Литванија, Полска, Србија и Унгарија.
Но, изненадувачи, со сериозни демографски проблеми се и едни од најсилните држави во светот. Проблеми со нискиот наталитет имаат дури и САД, Јапонија, Јужна Кореја, Шпанија, Италија и Обединетото Кралство. Повеќето од тие држави, меѓутоа, успеваат падот на наталитетот да го компензираат со прием на имигранти.
Кина, со население од над една милијарда луѓе, исто така е исправена пред „демографска бомба“. Експерти предвидуваат дека до 2030 година над 25% од населението ќе биде постаро од 60 години.
Власите се соочуваат со сериозни проблеми да го зголемат наталитетот, откако претходно, со децении на кинеските семејства не им се дозволуваше да имаат повеќе од едно дете.
Comments are closed for this post.