Во Србија денеска почнува вакцинацијата, а меѓу првите кои ќе ја примат ќе биде премиерката Ана Брнабиќ, министерката за труд Дарија Кисиќ – Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон. Вакцините ќе ги примаат во живо во 10 часот.

За време на гостувањето во Српската радиотелевизија, Кисиќ – Тепавчевиќ рече дека е горда што Србија успеа да ја набави вакцината на „Фајзер“ меѓу првите во светот. Говорејќи за почетокот на вакцинацијата во геронтолошките центри, што треба да започне денес во Белград и Нови Сад, а утре во Ниш, таа рече дека одлуката не е донесена ад хок.

Кисиќ – Тепавчевиќ потенцираше дека лекарите се обучени и дека се подготвени да ги вакцинираат граѓаните со вакцина која, како што изјави, се покажала како безбедна и не предизвикува сериозни негативни реакции.