За мене Европа претставува збир на вредности, а не ќуп полн со пари. Тоа е сет на вредности кон кој тежиме заради поквалитетен живот на нашите граѓани, вели српската премиерка Ана Брнабиќ.
Таа денеска во Центарот за европски студии во Брисел потенцира дека членството во ЕУ останува главна надворешнополитичка цел на Србија.
Брнабиќ смета дека планот за влез на Србија во Европската Унија во 2025 година е амбициозен, но и дека доколку некој сега на Србија и понуди проширување таа би рекла дека државата има уште многу работа.
Членството во ЕУ останува стратешка цел на Србија. Србија останува посветена на политиката на мир и стабилност и јакнење на стабилноста во регионот. Членството во ЕУ не зависи само од нас туку и од земјите членки. Ако некој на Србија и понуди членство денес би рекла не. Мораме повеќе да работиме, рекла Брнабиќ, се наведува на Твитер профилот на Центарот за европски студии.
Comments are closed for this post.