За време на една посета во родниот Кумровец во 1972 година Јосип Броз Тито на своите сопартијци им раскажал неверојатна случка. Тој тврдел дека италијанската војска спречила усташите да го киднаираат во близина на Бриони кое му било омиленото место за одмор.

Информациите говореле дека итајанската војска кај Удине запленила хеликоптер со кој требало да го киднапираат  Тито на Бриони. Дека операцијата била сериозна покажува тоа што тајната служба барала од Тито да го напушти островот и да замине за Белград.Тој одбил и Бриони бил максимално обезбеден и била ангажирана дури и морнарицата да го чува од усташите.