Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше денеска во Ниш на приемот на првите десет извидувачки оклопни возила БРДМ-2МС од Русија и најави дека до крајот на годината од Москва ќе добие уште оружје, купено од Србија или донирано од Русија.
На церемонијата во касарната „Мија Станимировиќ“, Вучиќ изјави дека станува збор за значително унапредени и ремонтирани возила за кои Србија ништо нема да плати, а кои значително ќе ги подобрат оперативните способности на српските вооружени сили.
Вучиќ најави дека до крајот на годината ќе пристигнат и четири борбени хеликоптери Ми-35, три транспортни хеликоптери Ми-17, како и дополнителни оклопни возила BRDM-2MS и тенкови T-72.
Одговарајќи на прашањето дали е точно дека Романија го запрела транспортот на овие возила, Вучиќ накратко одговори: “Ги запреа на патот низ Дунав, но ова падна од небото”.
– Ова ни е потребно за да го зачуваме суверенитетот и е превентивнио за секој кој би помислил дека тоа би можело да го загрози нашиот суверенитет. Ние немаме планови за освојување, ова ни е потребно да ја заштитиме земјата, рече е Вучиќ.
Comments are closed for this post.