Мирнеса С по потекло е од Босна и Херцеговина украла повеќе од милион евра од компанија во Штутгарт.

Нејзиниот прекар е Мики, а работела како келнерка во Штутгарт, пред да се вработи во компанија за трансфер на пари, која подоцна ја ограбила.

Оваа 42-годишна жена е осомничена дека украла повеќе од еден милион евра од компанија за трансфер на пари во Штутгарт каде што била вработена на 14 октомври годинава. Оттогаш нема ни трага од неа.

Украла повеќе од еден милион евра од просториите на компанијата каде имала пристап до парите како вработена.
Полицијата трага по 42-годишна жена, а објавена е и награда од 37.500 евра за тој што ќе открие информација.

Осомничената е висока 174 сантиметри, со сино-зелени очи и руса коса има и неколку тетоважи по целото тело, особено на рацете. Секој што ја знаесе замолува да ја контактира криминалистичката полиција на +4971189905778, соопшти полицијата во Штутгарт.