Босанец се расправаше со судии кои седат во кафуле. Маж во БиХ е уапсен откако во кафуле ги сретна судиите од судот во Требиње и почна да се кара со нив.
Небојша Вуксановиќ на Фејсбук објави видео откако ги растера судиите кои седеа во кафуле. Според него, тие требало да бидат на работното место во 10 часот и 30 минути. Човекот им говори на висок тон, и вели дека треба да се на работа, затоа што тој ги плаќа. На еден од судиите му рече дека ослободил педофил. Тој им порача дека слободно можат да викнат полиција и дека не се плаши ако го уапсат. Видеото за еден ден има 14.200 споделувања.
Comments are closed for this post.