За Северна Македонија и Албанија, ништо не е готово, само е одложено, изјави денеска премиерот на Бугарија Бојко Борисов од Брисел пред денешниот состанок на Советот на ЕУ.
Факт е дека не се согласивме да има писмена одлука за проширување на советот. Нашата поддршка ја имаат од почетокот, двете комисии сега можат да завршат сè што е потребно за 6-7 месеци, рече Борисов.
Борисов посочи дека не сака да зборува во име на Франција зошто ги запира Македонија и Албанија.
Имав долг разговор со Зоран Заев, го советував да не поднесува оставка, има уште многу да се направи, рече тој.
Comments are closed for this post.