Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред новинарите во Брисел го демантираше написот во шпанскиот весник „Ел Периодико“ дека се води истрага против него за перење пари и купување куќа во Барселона.
– По стоти пат ќе кажам дека ниту поседувам куќа, ниту имам недвижен имот, ниту сум бил во Барселона. Последен пат отидов како градоначалник пред 15 години, нагласи бугарскиот премиер.
– Не се мои пари, јас немам никаква врска со тие компании. Станува збор за луѓе кои не сум ги видел дури 15-20 години. Ниту пак некоја служба, обвинителство, полиција, ме побарале за да ме прашаат дали е тоа вистина, додаде Борисов.
На прашањето дали ќе разговара во врска со овие обвинувања со неговиот шпански колега Педро Санчез на маргините на Европскиот совет, премиерот Борисов рече дека не треба да се разговара за некоја тема што е јасно направена за да се извалка неговото име.
Во меѓувреме, претседателот на Комисијата за животна средина и членот на Комисијата за етика на ГЕРБ, Ивелина Василева изјави дека информацијата за спроведена истрага против Борисов од страна на шпанската полиција е „лажна“
Comments are closed for this post.