Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, објави дека е заразен со вирусот корона.
Тој на својот фејсбук профил напиша:
Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, јас во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови.
По двата направени PCR-теста од денес сум позитивен на Ковид-19.
Во принцип, имам општа слабост и лошо се чуствувам, во моментот, и по совет на лекарите, останувам на домашно лекување. Сите контакти со мене се доставени до РЗИ, напиша Борисов.
Comments are closed for this post.