Бизнис партнерот на власта Миодраг Давидовиќ-Дака со години важи за контроверзен бизнисмен кој поради големото богатство влијае на случувањата во државите во регионот.

Во анализата за Дака што ја направи српсиот весник „Курир“ се наведува дека сега тој е посветен на рушење на власта во Србија.

 

Неговото влијание доаѓа од неговите силни врски во криминалот, разузнувачките служби, црквата, политиката…присутен е покрај во регионот во Русија ОАЕ, Белорусија, Ирак, Јужен Судан, Нигерија.Има големо влијание и во СПЦ-се наведува во анализата на „Курир“.

 

Главни активности на Дака се шверц на цигари, нафта, оружје но и перење на пари за црногорската мафија со која е во тесна врска.

За потсетување, владата на ДУИ и СДСМ во Тетово го промени ДУП-от  за фирма од Панама која е во сопственост на контраверзниот бизнисмен да гради луксузен комплекс на негогашниот комплекс ШИК Јелак како и голем шопинг мол