Христијанската социјална унија (ЦСУ), баварската сестринска партија на Христијанско-демократската партија на германската канцеларка Ангела Меркел, на денешните локални избори во Баварија постигна најлош резултат од 1950 година.

Според анкетите на излезност, ЦСУ освоила 35,5 отсто од гласовите и со тоа го загуби апсолутното мнозинство во провинцискиот парламент вторпат од 1962 година, што е исход, кој сигурно ќе поттикне внатрепартиски битки.

На второ место е екстремната десница Алтернатива за Германија (АфД), која за прв пат влегува во баварскиот парламент.и

ЦСУ, која досега владееше сама, ќе мора да формира коалициска влада.