Австриската полиција рано утринава објави ново соопштение за Данка Илиќ (2) и две Романки, кои се поврзуваат со исчезнувањето на девојчето, откако со нив било снимено дете кое физички личи на малата Данка.
Имено, австриската полиција исклучи каква било поврзаност на Романките од видеото и Данка Илиќ.
Сега е разјаснет идентитетот на луѓето од сликите и воспоставен е контакт со нив. „Врз основа на истрагата и придружните факти, јасно и без никакво сомневање може да се исклучи врската меѓу лицата прикажани на објавените фотографии и исчезнатото девојче од Бор“, се вели во соопштението на австриската полиција.
Comments are closed for this post.