Најсуровиот убиец на Земунскиот клан,Сретко Калиниќ кој издржува 40-годишна затворска казна за убиства и учество во атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, по 20 години во книга ги открива тајните на оваа мафијашка група. .

Во својата книга Сретко Калиниќ, познат како Бели или Звер, дава непознати детали за злосторството од деведесеттите и тајните на Земунскиот клан.

„Кон крајот на деведесеттите, Душан Спасојевиќ купи накит вреден пет милиони за само 150.000 марки од крадци, меѓу кои бил и пријателот на Жељко Ражнатовиќ, Аркан. Ако Аркан го повикал  да се побуни, немаше да живее ни ден. Аркан кон крајот на деведесеттите се плашеше од Душан Спасојевиќ, Миле Луковиќ Кум и нивниот „земунски клан“ – тврди Калиниќ.