ЦИА објави доверливи документи дека го предупредиле поранешниот претседател Џорџ Буш дека Војислав Шешељ и Жељко Ражнатовиќ-Аркан се опасност за безбедноста на САД. Според  ЦИА постоела опасност да поставуваат бомби и да убиваат ширум САД.

Стравот на ЦИА од Шешељ доаѓал од некоја негова изјава дека со ракета ќе ги гаѓа базите на САД.Подоцна Шешељ изјавил дека се шегувал.

На американците им олеснило кога во 2000 година беше убиен Аркан бидејќи биле во паника дека неговите паравоени формации како на Балканот може да предизвикаат немири и убиства во САД потпомогнати од луѓе од регионот.