„Мавријан Лакшри Ресорт“ претставен е кон срединта на јули, а овие денови во Улцињ пристигнуваат заинтересирани инвеститори од Катар и Египет.
Градоначалникот на Улцињ тогаш изјави дека на површина од 63 хектри, планира изградба на пристаниште за јахти, три луксузни хотели и 105 вили, кои вкупно би имале околу пет илјади кревети.
Ваков проект е добар и за Улцињ и за Црна Гора, а кога би се реализирал, вредноста на инвестициите би била помеѓу 600 милиони и милијарда евра, објасни Љоро Нрекиќ, кој додаде дека следува презентација пред потенцијалните инвеститори.
Тој најави дека се заинтересирани инвеститори од Катар и Египет веќе закажале состанок со раководството на општината. Според, Александар Добановиќ, главниот градски архитект, планирано е пристаниште со 147 влезови, хелидром и ресторан со видиковец, како и пристап за амфибиски и хидроавиони.
Обликувањето на туристичката населба би произлегла од медитеранската форма, која ја следи конфигурацијата на теренот, со зазеленети рамни кровови и бели фасадни облоги, освен хотелскиот објект, средината на населбата со својот облик ќе потсетува на брод за крстарење, изјави Александар Добановиќ, главен градски архитект.
Comments are closed for this post.