Владејачката партија во Грција, Нова демократија, има предност од 14,5 отсто во однос на СИРИЗА, според последното истражување на јавното мислење од 14 до 16 септември, спроведено од агенцијата MRB за грчката телевизија Стар. Во продолжение, следат Движење на промена, Комунистичката партија, МЕРА 25 и Грчко решение.
Според резултатите од анкетата, актуелната грчка влада, добива позитивни оценки од испитаниците и во однос на претставувањето на Меѓународниот саем во Солун и во однос на досегашните активности, jави дописничката на МИА од Атина.
Од анкетираните, 61,4 отсто ја оцениле позитивно (сигурно позитивно или веројатно позитивно) досегашната активност на грчката влада, а речиси 5 од 10 Грци (49,7 проценти) сметаат дека Кирјакос Мицотакис ќе ги исполни неговите предизборни ветувања.
Истражувањето било спроведено по Меѓународниот саем во Солун каде што во период од една седмица, своите програми ги претставија актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис и лидерот на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас.
Comments are closed for this post.