Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во Брисел се сретнал со кандидатката за македонски претседател, Гордана Силјановска, но не бил среќен од размената на мислења.

За жал, г-ѓа Силјановска-Дафкова сподели со мене дека има многу забелешки во однос на договорот со Бугарија и има различно мислење во однос на историјата. Искрено жалам дека негативниот однос кон Бугарија, наследен од времето на комунистичка Југославија и засилен во времето на Никола Груевски, се уште доминира во главите на многу луѓе во Македонија, пишува Ковачев на ФБ.

Тој вели дека „поддршката за договорот со Бугарија, прифаќањето на нашата заедничка историја и запирање на говорот на омраза против Бугарија се основен минимум на кој треба да одговори секој во Македонија, кој сака и очекува наша поддршка и пријателство“.

На крајот Ковачев вели дека тој лично и партијата ГЕРБ на која и припаѓа, „тешко дека ќе и дадат поддршка на таа кандидатка“.