Американскиот лек против корона вирусот ќе стигне во Србија до мај и од него се очекува да спаси животи на најризичните пациенти, пишуваат белградските медиуми.
Се работи за лекот што го произведува компанијата „Ели лили“ под името бамланивимаб.
Претседателот на Србија порано потврди дека американскиот медикамент против Ковид, не наведвајќи кој точно, во Србија треба да стигне во април или мај, и дека змејата за околу 2.000 дози издвоила дури 40 милиони динари.
Како што пишуваат „Новости“ тој лек се смета за еден од најскапите и најновите во лечењето на Ковид, а за своите граѓани го нарача и Германија.
Иновативниот медикамент, по оздравувањето го фалеше поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кому му е даден тој лек, базиран на антитела, од друг производител на компaнијата „Регенерон“.
Медикаментите на двата производители се базирани на антитела, бамланивимаб на еден, а оној на „Регенерон“ на друг вид антитела.
По експресното оздравување од инфекцијата со корона, Трамп јавно се заложи за нивна што побрза регистрација и набавка на големи количини за граѓаните на САД. Нему, овој лек, тогаш во експериментална фаза, му ја спречи болеста и му помогна што поскоро да го исфрли вирусот.
Лекарите во Србија немаат доволно информации за оваа иновативна терапија затоа што немаа прилика да ја применуваат во клинички услови. Сепак, некои велат дека е ексклузива што Србија го набавува овој лек, затоа што во однос на останатите е врв. Фармаколoзите се надеваат дека Србија наскоро ќе го набави и оној на „Регенерон“, додаваат „Новости“.
Comments are closed for this post.