Албанската владеjачка Социјалистичка партија на сноќешната средба со коалциските партии, анализирајќи ја актуелната политичка состојба во земјата, по напуштањето на Парлеменот од страна на Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција и протестите оценија дека „опозицијата со напуштањето на храмот на демократијата настојува силно да му наштети на националниот интерес“.
Во заедничкото соопштение на 26-те коалицски партнери се обвинува опозицијата дека „со реториката и употребата на сила за политички цели се обидува да ја дестаблзира Албанија и да ја врати во 1997/1998 година“.
Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција(ЛСИ) преку протести се обидуваат во Албанија да создадат хаос и нефункционирање на институциите на власта. Тие бараат да се повтори она што се случи во земјата во март 1997 и септември 1998 година кога државата беше во целосен хаос. Сите нивни активности се вперени против националните и стратешки интереси на Албанија само заради лични интереси на нивните лидери,обвини Таулант Бала, генерален секретар на Социјалистичката партија и координатор на пратеничката група.
На средбата подржана е иницијативата за измени во Изборниот законик со што на локалните избори закажани за 30 јуни годинава да може да гласа и албанската дијаспора.
Comments are closed for this post.