Албанскиот премиер Еди Рама најави дека денеска ќе ја прими вакцината против коронавирусот.
Тој на прес-конференција изјави дека вакцинацијата почнува денеска во 15 часот, но членовите на Владата и Одборот на експерти нема да имаат подобар третман од останатите и нема да има приоритетно вакцинирање.
Претходно беше објавено дека со вакцината, произведена од компаниите Фајзер и БиоНТек, прво ќе бидат вакцинирани здравствените работници.
Comments are closed for this post.