Косово, Албанија, Македонија и Србија се клучна алка од Балканскиот пат на дрогата. Повеќе од 80 проценти од целата дрога што се продава низ Европа минува низ Балканската рута, открива, Константин Качалин,руски експерт за овој регион.
Според него, од летото 1999, кога во Косово пристигнуваат војниците на НАТО регионот се претвора во “гангстерски рај” – територија која мафијата ја смета за база на организираниот криминал и центар за шверц на дрога.
Голем дел од нелегалната активност се врши од семејни групи кои се меѓусебно поврзани со крвна врска и затоа пристапот до нивните територии е невозможен.
Рускиот експерт тврди дека Косово е поделено помеѓу канали на мафијата во три области под раководство на Хашим Тачи. Таму се врши нелегална трговија на оружје, украдени автомобили, трговија со луѓе, акцизна стока (цигари и бензин).
Семејството Тачи, според него е тесно поврзано со албанската, македонската, бугарската и чешката мафија.
Според тврдењата на Качалин,целиот регион (Албанија, Косово и Западна Македонија) сега е голема продавница за дрога.
Comments are closed for this post.