Од први јули македонските граѓани ќе можат да одат во Грција само преку граничниот премин Евзони. Но, таму ги очекуваат бројни пречки пред да се упатат кон омиленото летувалиште и плажа.
Иако турисите при влегување ќе се тестираат по случаен избор, за оној кој ќе се покаже дека е позитивен на корона оди 14 денови во грчки државен карантин. Таму ќе го чува полицијата и нема излегување од местото каде ќе го сместат. Заразените туристи ќе престојуваат во посебни хотели.
Comments are closed for this post.