Загреб веќе со часови е под блокада по убиства во населбата Кајзерица, каде, според локални медиуми, убиени се шест членови од едно семејство, а полицијата интензивно трага по сторителот.
„Јутарњи лист“ објави дека шест члена на исто семејство биле убиени, а седуммесечно бебе е единственото преживеано.
Љубомората се споменува како мотив за убиствата, објави Јутарњи лист.
Според „Вечерњи лист“, станува збор за семејно насилство во кое маж ги убил својата поранешна сопруга и нејзиниот нов партнер, како и четири деца.
Петтото дете, седуммесечно бебе, е рането и хоспитализирано во детска болница.
Comments are closed for this post.