Во недостаток на млади работници, хрватските фирми и институции се повеќе зависат од постарата популација. Бројките се немилосрдни и покажуваат дека во изминатите десет години Хрватска изгубила околу 127 илјади млади луѓе до 29 години.
Таквото намалување на бројот на млади луѓе се одрази и на пазарот на труд, односно во вкупната структура на вработените лица. Во десет години бројот на вработени во Хрватска се намалил за 122.419 лица, мерено со бројот на пријавени осигуреници и пензионери, пишува „Вечерњи лист“.
Најголемиот број на намалувење на борјот на вработени токму се однесува на најмладите работници до 29 години, кои на крајот од 2017 година биле вработени 104 илјади помалку отколку што работеле во 2007 година. Следниот недостаток се наоѓа во следната возрасна група од 30 до 34 години.
Comments are closed for this post.