Црногорската полиција пред неколку дена изврши рација во вилата на бегалецот водач на Кавачкиот клан Радој Звицер, во близина на Котор. Специјалци со шлемови и под целосна опрема, вооружени со долги цевки, влегле и со часови ја пребаруваа вилата од неколку стотици квадратни метри, која е целосно покриена со камери, опкружена со висок бетонски ѕид над кој е поставена бодликава жица.

На воздушната снимка може да се види дека станува збор за модерна станбена зграда, пред која се наоѓа голем базен.