Ништо од брзиот прием на Украина во ЕУ а со тоа и на земјите од Западниот Балкан. Како што пишува „Киев Пост“ ,ЕУ нема во план на брза лента да ја прими Украина како дел од мировниот договор со Русија.

Со ова пропаѓаат и на надежите на Македонија, но и на Црна Гора и Албанија дека во пакет уште следната година ќе бидат примени во т.н втора лига на ЕУ без право на комесар, глас и вето.

Со ова за Македонија ќе остане главниот услов за почеток на преговорите, а тоа се уставни измени, а Црна Гора и Албанија да ги завршат сите поглавија и да чекаат согласност од сите земји членки за полноправно членство во ЕУ.