Жители на Албанија тргнаа кон Македонија по храна и нафта кои кај нас се продаваат по пониски цени. „Еуроњуз Албанија“ објави снимка на која се гледа колона од возила на граничниот премин „Ќафасан“ кои чекаат да влезат во Македонија со надеж дека ќе се снабдат со храна и нафта по поевтини цени. Слична е и ситуација во Какавија на граничниот премин со Грција.
Поради војната во Иран, цените во светот пораснаа.
Како што јавува „Еуроњуз Албанија“ граѓаните на Албанија чекале и повеќе од два часа за влез во Македонија.
Премиерот Христијан Мицкоски за утре најави владина седница на која ќе се намалат акцизите за горивата, за да се спречи големо поскапување.
Видео: Еуроњуз Албанија







Comments are closed for this post.