Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград-Ниш, кај клучката Умчари.Возачот заспал на воланот, дознава ТВ Пинк.

Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот.

Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.

Маж и жена починале на самото место и се враќале дома за празниците. Третиот патник е тешко повреден и е пренесен на болничко лекување во Белград.

Извор ПИНК ТВ,