Ставот дека само уставните измени и работата е готова е неточен. Заради вториот протокол преговараме со Бугарија меѓутоа најголемата грешка е што бугарските позицији и Бугарија кон нас се адресира во ЕУ дека не постои македонски јазик, објаснува Ивор Мицковски. Тој ги разобличува лагите на лидерот на СДСМ кој упорно тврди дека мораме да ги направиме уставните измени.
Дојде ситуација ВМРО да ја прифаќа реалноста за преспанскиот договор, но СДСМ никако да признаат дека французкиот предлог и протоколот се тешка катастрофа за Македонија, смета Мицковски во интервјуто за „Република“.
Сите бугарски власти, а особено новиот премиер Румен Радев вели дека уставните измени се прв, но не и единствен услов за Македонија на патот кон ЕУ.







Comments are closed for this post.