На денешната лидерска средба една од темите ќе биде укнување на техничката влада која беше усвоена по политичката криза пред десет години, прислушуваните разговори и Шарената револуција. Т.н Договор од Пржино беше потпишан на 2 јуни 2015 година во скопското населба Пржино, при што подоцна беше финализиран и со протокол на 15 јули 2015.
Го потпишаа претставниците на четирите партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ И ДПА во присуство на претставниците на ЕУ. Со него се овозможи враќање на тогашната опозициска СДСМ во Собранието, оставка на тогаш актуелниот премиер Никола Груевски 100 дена пред изборите и формирање на техничка (преодна) влада. За ова да се спроведе во дела се напраија измени во Законот за влада кој е во сила и денеска.
Со техничка влада се одржаа изборите 2016, 2020 и последните 2024 година
ВМРО-ДПМНЕ и кога беше во опозиција и сега како владејчка партија бара укинување на техничката влада бидејќи таа беше донесена во сосема други политички околности и дека оттогаш Македонија одржа три изборни циклуси. Првично СДСМ прифати но сега лидерот на Венко Филипче смета дека техничката влада мора да остане.







Comments are closed for this post.