Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека ја кочи европската интеграција на државата, оценувајќи дека станува збор за политичка реторика и обид за додворување кон странски фактори.
Според него, ваквите тврдења се дел од, како што рече, „меките политики“ на опозицијата кои, наместо да ги штитат националните интереси, се насочени кон надворешни политички центри.
Па не знам како сме го блокирале европскиот пат, но таа реторика на СДСМ ја знаеме. Тоа е мекото ткиво на македонскиот идентитет. Тоа се тие мекотелни политики“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека не сака да се вклучува во предизборни процеси во соседството, но обвини дека СДСМ активно учествува и преку своите ставови се обидува да се позиционира пред бугарската јавност.
Гледам дека СДСМ е жестоко вклучена и делува како општинска организација на некоја од партиите кои се борат на изборите кај нашиот источен сосед“, рече премиерот.
Мицкоски оцени дека таквиот пристап, според него, не придонесува за напредок во евроинтеграциите.
Наместо да гледаат да им се допаднат на македонските граѓани, тие повеќе гледаат да се допаднат на бугарските политичари. Ете тоа е како отприлика европскиот пат на СДСМ“, додаде тој.
Премиерот изрази уверување дека ваквата политика ќе има последици за опозицијата на следните избори.
Но добрата вест е што после следните избори оваа политичка партија мислам дека ќе биде сведена на ниво под маргините и ќе биде маргинална политичка партија“, изјави Мицкоски.







Comments are closed for this post.