Петте минути со Чавез се враќаат во новата година. Значи човек не мoже да одмори ни една недела. Ќе киднапираат претседател на Венецуела, ќе се се појави Груби, се појави и Филипче, добро него и нема зашто би го киднапирале. На кого би му требал Венко, Се чека уште Заев да се јави од негде и друштвото е комплетно. Одиме по ред, имаме многу за коментирање.

Венко Филипче, освежен и нашетан се јави да каже дека не прифаќа укинување на техничката влада. Само не знам на кој Венко може да му се верува.

Венко брат, те разбирам зошто не сакаш укинување на техничката влада. Па само со некое Пржино СДСМ може два- три месеци да биде на власт. Ете да не беше техничката влада дали Заев некогаш ќе дојдеше на власт.. Така да, чувај си ја брани си ја, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Ако порано се смеевме на К-15, хихируку, театарче лево ќоше, сега за хумор служат соопштенијата на СДСМ. Значи на Бихачка се експерти за српски јазик. Соопштенијата како да им ги прведува Заев од Горњи Милановац. Наместо нема да се јави, пишале нема да се одазове. Одазовени сте вие одамна, само нема кој да ви каже.

Кога сме кај Заеви,ги мислам дали се вратени од Гармиш Партен Кирхен. Значи живот си живеат откако не се на влааст .Преку година во Дубаи, на лето на јахтата во Грција, на зима во елитни скијачки центри. Ние обичните луѓе, Гармиш го знаеме од новогодишните скокалници, кога гледаме со руска салата и кифлички. Ги видовте Зоки и Зорка во тие белите комбилизони . Елита. Да не мислевте дека ќе одат на скијање во Михајлово или на Шапка. Тоа не е ниво за Бојан Крижај од Тему. Може само да си замислувам како Зоки се спушта по стазите а долу Зорка го чека на чајче со рум.. Ах бе Зоки не си ти крив, туку оние со кои очигледно си се испазарил како на тезга во Струмица да не го јадеш., Србите за ваквите како тебе викаат кад се сељак покондури.

креирано со помош на AI

Еве уште не е вратен ни Артан Груби. Косовски медиуми го лоцирале во Приштина со променет стајлинг, со капче и брада. Вака некако сега изгледа некогашниот водач на Шверцерите. Груби во писмото на Фејзбук рече да не му вадат муабети оти ќе се врати за неколку дена. Може со него бил и другарму Прпарим од Лотарија ама тој и онака никој не знае како изгледа. Очигледно е дека оние од горе не сакаат да го донесат во Македонија, кој знае што знае и какви дилови се во прашање. Тие Мадуро го лоцираа и го спакуваа за два саати, па не можат да го најдат Груби на Косово кое и онака е американска територија. Така да, Артан , лабаво, уживај си. Никој ништо не ти може.

kreirano so pomosh na AI

Значи како им се гаѓа на американциве да нема демократија све во земји каде што има нафта.Многу е заебано кога имаш нафта а неќеш да ја дадеш за џабе.

Нешто е труло во државата Данска, рекол Хамлет. Кој можеше да поверува дека оваа здодевна скандинавска земја.ќе се најде во центарот на вниманието на светот откако американскиот претседател Доналд Трамп се изјасни дека сака да си го земе Гренланд кој е под данско владение. Е зошто бе да не им го земе. Си може. Еве Данска сега може да се повикува на меѓународното право или пак на членот 5 од НАТО. Како се вели кармата е кучка. Данска беше меѓу првите земји што ја призна независноста на Косово. Еве сега Косово им дојде дома. Данска молчеше и кога ни го менуваа името и кога Македонија имаше пресуда од Хаг дека Грција бесправно го блокира приемот во НАТО. Така да ич не ги жалам. Уште велат дека ако Америка ја нападне Данска и го земе Гренланд тоа ќе било крај на НАТО. Солзи ми течат. Еве Данска може да го брани Гренланд со лего коцки.

AI

За крај, Кога не сака не сака. Филипче загуби и на повторените локални избори. Како што тргнало, Венко може да победи само ако се кандидира за претседател на куќниот совет во зградата на Заев во Дубаи. И тоа само ако нема противкандидат. Дај бе Зоки, пушти го нека победи другар ти кај тебе у зграда, ќе ти се најде во броење пари од станарите. Барем со кеш ви иде, коментира авторот на колумната.