Кој ќе го изгасне светлото во СДСМ. Откако лидерот во сенка го објави составот на новиот тим, може само да погодуваме кој ќе биде во улогата на Чомовски кој го последен го изгасна светлото во тогашната А1. И СДСМ ја чека истата судбина-стечај. Со овие луѓе каде. Ќе се обидеме во пет минути да ви го опишеме тимот на СДСМ заедно со стечајниот управник, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“

Најголемо засилување е Фрчко мали. Јон се враќа во тимот на Филипче.

Нов заменик на Венко е Александар Трајановски. Овој доктор го доживеаја најубедлиот пораз во општина Аеродром па сега како награда доби функцја во СДСМ. Уште не ви текнува кој беше овој, оној де од јахтата на Заев и Филипче.

Се сеќавате на директорот на Шутка, познат како Сокол. Е тој Сокол си ги пуштал затворениците да излезат да завршат некој работа со ветување дека навечер ќе се вратат.. некои се вратија а некои фатија џаде… Сокол може да помогне единствено во реновирање на новите келии во Штука за неговите колеги од партијата. Не иде такви ликови, од големото добро утро што се вика, да спијат на промаја и на влага. Не се навикнати. Тие за Брисел сонуваат.

Филипче во тимот ја врати и Јованка Тренчевска. Мислев мислев да најдам нешто позтивно да кажам за оваа жена но ништо не најдов. Освен дека е кадар на Заев, па сигурно таа е убацен играч на Зоки во секој момент да знае што се случува на „Бихаќа“ и кој му работи позади грб.

Сепак најголемо засилување на Филипче е Андреј Жерновски. Србите имаат еден убав збор за ваквите луѓе „прелетачевич“. Откако за малку не стана амбасадор ама си живееше како дипломат се врати во партијата каде што припаѓа и иделошки и политички. И за него мислев мислев што да го пофалаам и ми текна на онаа негова изјава дека ќе се урне северната трибина на „Градскиот стадион и дека луѓето не треба да одат на натпревари. Ене ја урната е.

Добредојде во СДСМ на Жерновски му посака неговиот поранешен партиски другар од ЛДП Мирослав Шиповиќ. Тој по повеќе од десет години откри на каков начин Андреј стана градоначалник на Општина Центар. Се сеќавате на таа 2013 година кога Жерновски од трет пат стана градоначалник.

Тогаш беше обвинето ВМРО-ДПМНЕ декаа намерно ги заглавувале лифтовите и ја исклучувале струјата за да не можат постарите граѓани да се симнат на гласање. Ама не било така, Шиповиќ откри дека тие ги заглавувале намерно лифтовите за да победи Жерновски а го набедувале ВМРО.Како се вели вистината е како шило…………

Добро а кај е Кузеска во новиот тим на Филипче. Па за овие ликови Богданка е Каја Калас.

Да ви кажам право, откако Богданка не искритикува дека не сме ги објавувале пресовите на СДСМ почнав да им ги читам соопштенијата. Абе интересни биле. Еве на пример секое второ соошттение им е за Србија и за некаков српски свет. Најголем непријател им е Александар Вучиќ. Опеднати се со него. Заборавија како токму Филипче кога беше министер за здравство му се заблагодаруваше на Вучиќ што среде корона ни даде вакцини и пченица за да не умреме.Ова се вика рани куче да те лае.

Костадин Костадинов, не оној струмичкиот, побара Бугарија и Македонија да се соединеле во една држава и на тој начин правата на Бугарите ќе биде заштитени.Не е болест се што боли. Единствено штоможе да се соединат се Пиринска и Егејска Македонија- во Европската унија.