Вицепремиерот Артан Груби за „Дојче Веле“ во 2020 година потврди дека преведувал за Хашкиот трибунал, но негираше каква и да е поврзаност со „Жолтата куќа“ во близина на албанскиот град Бурел. Тој негира дека е повикан во какво било својство од Хашкото обвинителство во врска со обвиненијата за водачите на ОВК од Косово.
„Работев за Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година и во албанскиот град Бурел бев заедно со иследникот на Хашкиот трибунал, по претходни наводи за наводни злосторства таму и се утврди дека нема никаков случај“, вели Груби во изјава за медиумите. Тој не гледа ништо спорно во неговиот ангажман. „Сите знаат дека сум работел во Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година во канцеларијата на обвинителката како преведувач и тоа сум работел на истраги и во Македонија, Косово, Албанија, во Црна Гора и Србија и нема ништо спорно во мојот ангажман“, изјави Груби. пред шест години.
Извор: „Дојче Веле“







Comments are closed for this post.