Сакаат да дадат некаква понуда, но не знаат како, сакаат нешто да кажат, но не знаат да се изразат.Прес-конференциите кои се одвиваат по принципот сакам кажам, не знам речам се само одраз на површноста на специјалниот пратеник на Радев во Македонија, Венко Филипче,велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче всушност ги брани позициите на Румен Радев во Македонија. Се што бара Радев од Македонија, бара и Венко Филипче. Од друга страна, самиот дава некаква понуда за кохабитација, па потоа вели не сакам во оваа влада. А вистината е дека никој не го ни повика во Влада, ниту некој очекува нешто од Филипче кој во своето делување е киднапиран од Зоран Заев и Румен Радев.
Разбираме дека не е никако лесно со толку многу газди над Филипче, но нека се потрудат да избистрат единствен став кој ќе изгледа сериозно. Венко Филипче е чувар на бугарските ставови во Македонија и чувар на криминалите на Зоран Заев.
Се додека позициите се такви, Филипче ќе е добар пратеник, но не и добар лидер на опозицијата.







Comments are closed for this post.