Про. Игор Николов, амбасадор на Македонија во Франција донесе одлука салонот со резбана маса во амбасадата во Париз да биде именувана по Атанас Коцарев од охридската копаничарска школа. Салонот сега ќе го носи името „ Охрид- др. Анастас Коцарев“.

Зад себе оставил богато научно наследство, но малку записи за личниот живот – можеби затоа што целиот се посветил на науката и на човештвото. Денес, благодарение на неговите потомци, истражувачи и ентузијасти, неговото име повторно се враќа во јавноста. Се објавуваат трудови, се снимаат документарни филмови, се организираат настани – сè со цел да не дозволиме овој голем ум повторно да биде заборавен. Заради тоа, како македонски Амбасадор во Париз, одлучив салонот со резбана маса изработена од охридската копаничаркса школа, а донесени во Амбасадата во Париз при нејзиното обновување, денес да ја именуваме, по името на д-р Анастас Коцарев и неговиот роден град. Така драги пријатели, ве поканувам да го посетите Салонот на македонската Амбасада со име Охрид- др. Анастас Коцарев.

Нашата обврска како држава, како народ и како научна заедница е да го чуваме и негуваме неговото дело. Да ги инспирираме идните генерации да чекорат по патот на знаењето, истражувањето и посветеноста. Нека делото на д-р Анастас Коцарев биде потсетник дека и од мал народ можат да произлезат големи умови. Нека биде симбол на тоа дека науката нема граници, но корените секогаш остануваат длабоко вградени во татковината. Дозволете ми да завршам со една мисла: вистинските научници не припаѓаат само на своето време – тие му припаѓаат на човештвото. Д-р Анастас Коцарев е токму таков научник. Вечна му слава и благодарност, додаде амбасадорот Николов.