Претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Жозеф Дол се огласи на Твитер со поддршка за кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, нарекувајќи ја вистински кандидат.
Ѝ посакувам на Гордана Сиљановска добар резултат во првиот круг на претседателските избори. Сиљановска е вистинскиот кандидат за зајакнување на економијата, за независност на судството и борба против корупцијата, што е предуслов за напредок на евроатлантскиот пат. Изборите треба да бидат слободни и фер“, напиша Дол.
Инаку, ЕПП е најбројна во Европскиот парламент, а ВМРО-ДПМНЕ е дел од семејството народни партии.
Wishing Gordana #Siljanovska a strong result in 1st round of🇲🇰presidential elections. Siljanovska is the right candidate to strengthen the economy, justice independence & fight against corruption, a precondition to advance on Euro-Atlantic path.🇲🇰Elections need to be free & fair.
— Joseph Daul (@JosephDaul) April 18, 2019
Comments are closed for this post.