Од мало и мирно детенце, одеднаш родителите гледаат пред себе млад бунтовен човек со кога тешко можат да се справат. Бунтовноста во пубертетот се смета како нормална појава. Но, според експертите, она што загрижува е тоа што насилноста на адолесцентите во последниве години е сѐ поизразена и се повеќе ги загрижува оние кои живеат со тинејџери.
Пубертетот е период кога детето физички и психички се менува и прераснува во возрасна личност. Овој процес најчесто се одвива од 12 до 18 години. Она што најмногу ги загрижува родителите е психолошката трансформација на нивното дете.
– Загрижувачки е што младите стануваат сѐ понасилни и побрутални и што агресивноста најчесто се манифестира во групата на врсници, по училишта, кафулињата, на улици и натпревари. Внатре, во самата категорија на агресивност можно е да се разликуваат различни видови агресивно однесување. Директната агресија се покажува кон личност која го предизвикала агресивното однесување, а манифестната агресија се насочува кон т.н. заменски цели. Позната е и поделбата на агресијата на емотивна (импулсивна, експресивна, хостилна), која е мотивирана од силни емотивни возбудувања, а е насочена на нанесување на штета и повреда на друга личност. Со овој вид на агресија треба да се оствари некоја посакувана цел, на пример, поседување на некаков предмет. Во овој случај агресивното однесување е само инструмент (средство) за постигнување на таа цел, објаснува психологот Милка Ололоска.
Comments are closed for this post.